Добивај вести на Viber
Дополнителни 194 илјади евра ќе и плати Агенцијата за патишта на градежната компанија Гранит за непредвидени работи кои произлегле во текот на изградбата на регионалниот пат Коњско- Кожуф. Според објаснувањето од Агенцијата, дополнителните средства се одвојуваат поради тоа што во текот на изградбата се појавиле свлечишта кои не биле вклучени во основниот договор со Гранит.
Регионалниот пат Коњско (Смрдлива вода)-Кожуф, со должина од 17,4 километри, почна да се гради кон почетокот на март минатата година. Владата најави дека инвестицијата ќе чини седум милиони евра. Но, во септември лани, Агенцијата за државни патишта склучи уште еден договор со Гранит за непредвидени дополнителни градежни работи кон основниот договор во вредност од 319 илјади евра.
Инаку, проектот е дел од планот на Владата на обнова на патната мрежа во државата. Со изградбата на овој патен правец, покрај тоа што се поврзуваат два региона, треба да се воспостави и директна врска меѓу Гевгелија и скијачките терени на Кожуф