Добивај вести на Viber
Поранешната сопруга на рускиот милијардер, Василиј Анисимов, продава имот во Бруклин за 30 милиони долари. Палатата располага со 1340 квадратни метри основна градба и 743 квадратни метри зграда за гости, иам 10 спални соби и 15 бањи.
Тоа е најскапото живеалиште на пазарот во Њу Џерси во моментов. Располага со гаража за седум автомобили , базен и соба за медитација .
Адвокатот на Галина Анисимова вели дека за 24 години во овој бизнис не видел нешто толку луксузно .
Палата со главната зграда е изградена во 1989 година , а Анисимова го купува за 3,7 милиони долари седум години подоцна .
Во 2000-та година таа одлучила да даде 700 илјади долари за соседната парцела, каде што денес се издига куќата за гости.