ПОРАКА ОД РАМА: Србите на Косово во иднина ќе можат да влезат само како туристи
Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2017
Србите на Косово во иднина ќе можат да влезат само како туристи, вели албанскиот премиер Еди Рама.
Оваа негова изјава следи по случајот со возот кој не можеше да влезе во Косово, кој ги зголеми тензиите меѓу Белград и Приштина.
Граѓаните на социјалните мрежи побараа тој да се изјасни за ова прашање. Рама рече дека нема потреба за загриженост поради, како што рече, политичките игри со „возови и авиони“.
Според него, Србите на Косово ќе можат да влезат само како туристи“, пишува приштинскиот весник, Зери.
Тој вели дека Косово, по едностраното прогласување независност, успеало како „независна
држава“, додека Белград уште страда од „кошмарите на минатото“.
Рама изјави дека кошмарите ќе продолжат сè додека Белград не го признае Косово.