14 Мај, 2024
0.0264

„Порака Нова“ прославува 30 години од своето основање

Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Здружението Центар за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“, денеска, на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, ќе одбележи 30 години од основањето. Прославата ќе се одржи во хотел „Дрим“ во Струга со почеток во 13 часот. - Оваа година одбележуваме 30 години од основањето на здружението, моментот кога родителите кои имаат дете со интелектуална попреченост се здружиле со цел заедно да дејствуваат во корист на потребите на нивните деца. Од тогаш па наваму, ние професионалците, волонтерите, и сите останати кои сакаат да придонесат, се придруживме заедно со нив да постигниме поголеми резултати – вели Анита Гагоска Шутиноска, генерален секретар на „Порака Нова“. Таа додава дека ги поканиле сите пријатели кои здружението ги има стекнато во изминативе три декади, со цел заеднички да се одбележи овој значаен јубилеј. - На некои од нив ќе им бидат врачени благодарници за несебичното залагање и долгогодишната соработка сите овие изминати години. Корисниците од Дневниот центар на часовите по музика подготвија кратка приредба. Волонтерите од „Порака Нова“ заедно со еден корисник од Дневниот центар ќе се претстават со театарска изведба од „сликовен театар“, „Еден школски час – социјално исклучување на ученик со посебни потреби“. Делата кои корисниците ги изработуваат на часовите за работно-окупациони активности ќе бидат изложени на мала изложба. Продавачите на „Лице в лице“ ќе имаат свој штанд каде ќе го изложат и продаваат списанието- објаснува Гагоска Шутиноска. „Порака Нова“ е центар кој е формиран во 1984 година како непрофитно здружение, по иницијатива на родители кои имаат дете со попреченост. На самиот почеток здружението функционирало во форма на социјален клуб, каде родителите и лицата со попреченост доаѓале да се дружат и да разменуваат искуства. Почнувајќи од 2004 година, во рамките на „Порака Нова“ започна да функционира социјалниот сервис Дневен центар, каде лицата со интелектуална попреченост секојдневно се обучуваат и стекнуваат вештини за оптимално вклучување во заедницата и за самостојно живеење, во глобала за подобрување на квалитетот на нивниот живот. „Порака Нова“ се грижи за вклучување на лицата со интелектуална попреченост во пазарот на трудот, преку редовни контакти со компаниите кои вработуваат лица со посебни потреби. Во рамките на Окупациониот центар лицата со попреченост се обучуваат за стекнување на практични вештини, кои ќе им бидат од корист за идно вработување. Почнувајќи од 2005 година, „Порака нова“ активно работи на промовирање на волонтерската работа, со тоа што вклучува локални и интернационални волонтери во секојдневното работење на здружението. Во изминатиот период во „Порака Нова“ придонеле повеќе од 20 интернационални волонтери и практиканти, преку програми на Европската комисија и Мировниот корпус, и преку соработка со универзитети од Албанија. За таа цел формирани се Центар за информирање, насочување и советување на волонтери и Волонтерски центар. Во 2010 година беше формиран Рекреативен центар, чија главна цел е исполнување на слободното време на лицата со интелектуална попреченост преку неформално дружење и обука во различни курсеви, како јазици, информатика, спорт, пеење, глума, танци, готвење, социјални вештини, градинарство, и други. Во 2011 беше основан Ресурсниот центар, во кој се обединети повеќе сервиси насочени кон лицата со интелектуална попреченост, нивните семејства, вработените, волонтерите, исто така и Центарот за истражување и обука.

Можеби ќе ве интересира

Дали вредноста на еден семеен ручек е поважна од осигурување на домот?

Дали вредноста на еден семеен ручек е поважна од осигурување на домот?

Фестивал на уникатни домашни производи во Diamond Mall

Фестивал на уникатни домашни производи во Diamond Mall

Лесја Украинка: Децата на украинскиот Харкив страдаат од секојдневни гранатирања со руски бомби

Лесја Украинка: Децата на украинскиот Харкив страдаат од секојдневни гранатирања со руски бомби

Празничен продолжен викенд во Крушево

Празничен продолжен викенд во Крушево

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Имлек Протеин - моќ и енергија за 1650 спортисти на “Скопје трча”

Благодарност до македонската ракометна јавност

Благодарност до македонската ракометна јавност

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава

Прв регионален Health & Fitness форум во земјава