18 Мај, 2024
0.0281

ПОРАДИ ЗЕМЈОТРЕСОТ ПУКАА ЅИДОВИ И ВРАТИ ВО СИРИСКИ ЗАТВОР: Избегаа најмалку 20 борци на ИСИС

Објавено во: Свет 07 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Како што објави Франс прес, повеќе од 20 џихадисти побегнаа од затвор во Сирија по силниот земјотрес. Земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, по кој следуваа десетици афтершокови направи штети во објектот. Поради потресот, пукаа ѕидови и врати.

Во затворот, има и борци на курдските сили.

„Околу 2.000 затвореници издржуваат казна во затвор во градот Рајо, во близина на турската граница, од кои за 1.300 има сомнежи дека се борци на Исламска држава. Затворениците почнаа да се бунтуваат и презедоа контрола врз делови од затворот. Околу 20 затвореници побегнаа, за кои се верува дека се милитанти на Исламска држава“, додаде службеник во затворот.

Сирија денеска ги повика Обединетите нации да помогнат со спасувачки напори, здравствени услуги, засолништа и донации во храна.

Сирискиот Црвен крст ја повика Европската Унија да ги укине санкциите против Дамаск по разорниот земјотрес, во кој загинаа повеќе од 1.600 луѓе Сиријци. 

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата