Поради пандемијата доларот трета седмица по ред паѓа
Објавено во: Финансии, Корона Вирус 14 Јули, 2020
Доларот е во длабок минус, а американската економија е во криза поради пандемијата на коронавирусот.
Валутата паѓа веќе трета седмица по ред.
Доларот има неделен пад во кошницата од најважни светски валути.
Доларот исто така забележа и најголем пад и на ниво на месец дена.
Курсот на еврото во однос на доларот минатата недела се зголеми за 0,28 отсто, на 1,1281 долари.
Во однос на јапонската валута пак, цената на доларот падна за 0,29 отсто, на 107,19 јени. Тоа е највисок курс на јенот во изминативе две недели.
Јенот ја зголеми вредноста затоа што со растот на новозаразени од Ковид – 19 во светот, на меѓународните девизни пазари минатата недела се вложуваше во сигурни валути, како што е јапонската.Во светот 13.2 милиони луѓе се заболени од коронавирусот, а во САД тој број е 3.4 милиони.