19 Мај, 2024
0.0321

Поповски: Спиеме во просечни хотели

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Роберт Поповски, министерот за комуникации, транспарентност и отчетност, во интервју за Радио Слободна Европа вели дека актуелните функционери од Владата спијат во просечни хотели за да заштедат на службени трошоци, одговарајќи на прашањето зошто помеѓу месечните лични трошоци на одредени министри има голема разлика од неколку стотици па до неколку илјади евра.

- Оние кои имаат обврска да патуваат, да пречекуваат делегации, нормално дека имаат поголеми трошоци во вкупната сума. Но погледнете го внимателно наративниот извештај и ќе видите дека никаде нема злоупотреба кај никого. Се штеди максимално, се троши внимателно, она што мора да се направи. Се спие во објекти кои се рангирани просечно или малку натпросечно. Сите се внимателни и токму тоа беше поентата на алатката. Ова е една само контрола од наша страна, не само на првите функционери во државата, туку и на директорите на јавните претпријатија, задолживме многу функционери и дава извонредни резултати, вели Поповски.

Според него, сега постои отчетност за придонесот и транспарентност за советниците во Кабинетот на премиерот Зоран Заев и дека јавноста е информирана дека се променети осуммина со други имиња.

- За тоа кој колку испорачува знае премиерот и тој оценува. Сега знаете дека има измени во составот на советниците на неговиот кабинет, што значи дека јавноста е целосно информирана за тоа.кои се луѓето и што работат, смета Поповски.

Тој додава дека понекогаш администрацијата не ја следи Владата во отчетноста  за трошењето на парите.

- И тука дефинитивно многу треба да се поработи, затоа што ако не функционира остатокот од системот вие не можете да говорите дека сме ја постигнале онаа транспарентност којашто им ја ветивме на граѓаните. Во многу сегменти мора да ги поправиме работите за да биде таа отвореност до крај, целосна. Меѓутоа коректно е владата којашто себе си се смета и се промовира за максимално транспарентна да најде начин како директно да комуницира, рече министерот.

Тој додаде дека Владата нема намера да импутира пари во медиуми пред какви било избори и да има во наредниот период.

Можеби ќе ве интересира

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места