Поповски: Буџетот е премногу „социјален“
Објавено во: Економија 20 Ноември, 2018
Поранешниот министер за финансии Никола Поповски во своето гостување на ТВ 24 „Тренд Анализа “ изјави дека државниот буџетот за 2019-та има пренагласена социјална функција и дека Владата ќе мора да биде доста лкреативна за да ја задржи развојната компонента.
„Овој Буџет се разликува затоа што има социјална функција, социјалната функција е пренагласена односно е понагласена и можеме да се чудиме на тоа, но ако внимателно следиме што оваа политичка позиција говореше минатите години јасно е дека постојано ни навестуваше дека ќе удри по социјалните позиции во Буџетот во позитивна смисла. Имаме во овој дел наплив на средства но пак кај една друга функција развојната имаме потфрлање“, рече Поповски.
Професорот рече дека историски најголемиот буџет од 3,7 милијарди евра може да обезбеди раст од 3,2 отсто, но за македонската економија да почувствува разлика во стандардот, потребно е тој да биде 4 или 5 отсто.