14 Мај, 2024
0.0317

ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Над 10.000 куќи под вода, илјадници луѓе се раселени

Објавено во: Свет 08 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Стравични поплави настанаа поради пукање на браната на Урал, при што поплавени се повеќе од 10.000 куќи. 

Поради поплавите во областа Оренбург во Руската Федерација денеска е прогласена вонредна состојба на федерално ниво, соопшти претседателот на владината комисија и министер за вонредни ситуации, Александар Куренков.

„Имајќи ја предвид моменталната ситуација и извештаите што ги слушнавме, предлагам вонредната ситуација во регионот Оренбург да се класифицира како вонредна состојба на федерално ниво и соодветно да се воспостави федерално ниво на одговор“, рече министерот, пренесе РИА Новости.

Куренков во неделата наутро пристигна во регионот Оренбург по наредба на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, а веднаш по неговото пристигнување потврди дека најтешка е ситуацијата во Орск во Ленинскиот округ и во Стариот град, но, како што рече, „има доволно сили и ресурси за да се спречат последиците“.

„Ситуацијата е критична во градот Орск, каде се уништени заштитните структури на реката Урал, а како резултат на тоа се поплавени 4.518 станбени згради и 4.587 приватни парцели“, рече Куренков.

Повеќе од 4.000 жители на Оренбуршката област, меѓу кои 885 деца, се евакуирани поради поплави.

Градоначалникот на Орск, Сергеј Салмин, побара доброволно да се евакуираат жителите од поплавените подрачја, во спротивно ќе бидат евакуирани со помош на полицијата.

Окружното обвинителство соопшти дека до несреќата дошло поради ненавремени мерки за одржување, а истражниот комитет покренал кривична постапка за невнимание и прекршување на безбедносните правила при градежни работи.

Министерот за вонредни ситуации, Александар Куренков, изјави до Орск се пристапува само со брод, а длабочината на водата достигнува два метри.

Експертите проценуваат дека водата ќе се повлече за недела и пол до две недели.

foto EPA-EFE/RUSSIAN EMERGENCY SITUATIONS MINISTRY PRESS SERVICE 

Можеби ќе ве интересира

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници