19 Мај, 2024
0.0273

Пoмош во усовршување на младите: Одржана NESCAFЕ 3IN1 START SMART TALK дискусија

Објавено во: Мои пари 05 Март, 2019

Добивај вести на Viber

  • Почна NESCAFÉ 3in1 Start smart” кампањата, во рамки на која од продажбата на производите NESCAFÉ 3in1 и NESCAFÉ 2in1 издвојува дел од средствата за опремување на библиотеката на Филозофскиот факултет во Скопје
  • Компанијата Nestlé трета година по ред помага во опремување и реновирање на образовните институции и библиотеки во Македонија, со цел да ги унапреди условите за професионален развој на студентите
  • Учесниците заклучија дека општествената одговорност на компаниите е особено важна во односот кон образованието и креирањето можности за младите луѓе

На Филозофскиот факултет во Скопје се одржа панел дискусија за односот на дигитализацијата и социјализацијата, NESCAFÉ 3in1Start Smart Talk, со која е најавен и почетокот на кампањата NESCAFÉ 3in1 „Start smart”, во тек на која компанијата Nestlé ќе собира средства за опремување на библиотеката на овој факултет. Експерти, претставници на компанијата и студенти во оваа прилика разговараа на теми како менувањето на процесот на социјализација во дигиталното време, за добрите и лошите страни на дигитализацијата, но и за потребите на вложување на приватниот сектор во поддршка на образованието.


Во рамки на NESCAFÉ 3in1 „Start smart” кампањата, ќе се одвојуваат средства од продажбата на секој NESCAFÉ 3in1 и NESCAFÉ 2in1 производ за унапредување на условите за учење во библиотеката на Филозофскиот факултет.

Дигитализацијата можеби промени бројни процеси, но општествената одговорност остана извонредно важна, ако не и се попотребна во забрзаниот начин на живот. Кога приватниот сектор се ангажира да помогне во напредокот на науката, која ја дефинира наѓата иднина и генерациите кои доаѓаат, тоа е знак дека некој се грижи за образованието кое ги обликува идните лидери. Ние ја поздравуваме секоја таква акција“, истакна проф. др Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет во Скопје.

Панелистите споделија искуства за влијанието на дигитализацијата во секојдневното работење и функционирање, но разменија и впечатоци за тоа како се промениле дружењето и личните односи во дигиталната ера. Тие се согласија дека современите библиотеки и образовни установи мораат да бидат во согласност со новите технологии – како што истакнаа студентите, овие институции имаат голема улога во обезбедување на пристап до информации потребен за сите видови истражување.

Марија Дракулевска Чукалевска, раководител на Институтот за социологија на Филозофскиот факултет, истакна дека младите имаат нов начин на дружење, но дека активната социјализација и натаму е актуелна. „Кога зборуваме за нови технологии во образованието, нив треба да ги искористиме како канал за пренос на образовни елементи“, вели проф др Дракулевска Чукалевска, додавајќи дека кон тоа помагаат и акциите како оваа на NESCAFÉ 3in1 „Start smart”.

Регионалната сениор бренд менаџерка на NESCAFÉ,Ивана Лес, нагласи дека приватниот сектор треба да помогне на младите луѓе кои се во потрага на вештини и едукација, а дека еден од начините за тоа е подобрување на условите во релевантните институции:

Вложуваме големи напори да помогнеме во развојот на студентите во целиот регион. На овој начин, со подобрување на условите во установите, со донирање на опрема која на студентите им е потребна за усоврѓување, се трудиме да дадеме придонес како кон нивниот професионален развој, така и во дружењето и опуштањето, кое исто така е важно“, истакна Лес за време на панел дискусијата. Додаде дека Nestlé како меѓународна компанија има одговорност да помогне на младите да им се обезбеди адекватно образование.

NESCAFÉ 3in1 „Start smart” кампањата трае од 25.02.2019г до 31.03.2019г. по што ќе биде извршена донација на новата опрема, маси, столови, компјутери и прожектор за библиотеката на Филозофскиот факултет. Минатата година, од одвоените средства од продажбата на производи, на сличен начин е опремен мултимедијален дел во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата