Полска го сомничи Туск за соработка со руски агенти
Објавено во: Свет 20 Април, 2017
Доналд Туск, кој беше полски премиер од 2007 до 2014 година, е повикан во Обвинителството во Варшава за да објасни дали како претседател на Владата дозволил таква соработка. Тој вчера во Варшава изјави дека обвинувањата против него за дела од времето додека беше премиер на Полска, се дел од „политичкиот лов на вештерки“ што го спроведува актуелната полска Влада.
Туск треба да даде одговори како е воспоставена соработка во два наврати со странска разузнавачка служба, конкретно со двајца агенти на руската ФСБ која е наследничка на КГБ. Сепак, овие обвинувања не ја намалија поддршката која Туск ја добива од приврзаниците на неговата демохристијанска партија Граѓанска платформа (ПО), која сега е најголема опозициска сила во Полска.
Актуелната полска Влада на премиерката Беата Шилдо од друга страна го обвинува Туск дека ја злоупотребува својата функција во ЕУ за да се „меша во полската политика“. Полска беше единствена земја која гласаше против својот кандидат за нов мандат на Туск во Европскиот совет.