18 Мај, 2024
0.0280

Половина од американските конгресмени се милионери

Објавено во: Свет 13 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

За прв пат во историјата половина од членовите на Конгресот на САД се милионери . Ова го покажува извештајот на асоцијацијата која го истражува влијанието на парите во политиката. Конгресмените милионери се претставници како на Републиканската , така и на Демократската партија. Најмалку 268 од 534 членови на Претставничкиот дом и на Сенатот имале нето приходи од еден милион долари или повеќе во 2012 година - референтна година за даночните пријави во 2013 година. Просечниот приход им изнесувал 1 008 767 долари , покажува анализата. Републиканците и демократите се претставени еднакво со мала надмоќ за демократите , чиј просечен приход бил 1,04 милиони долари спрема 1 милион долари за републиканците . Приходите се зголемиле на годишна основа со 990 000 долари , пријавени во 2012 година од демократите и 907 000 од републиканците . Во 2012 година 257 пратеници или 48% биле со приходи над 1 милион долари. Најбогатиот член на Конгресот е Дарел Иса , републиканец од Калифорнија , кој го има акумулирано својот статус со својот систем против кражба за автомобилите Viper . Тој е со нето приходи меѓу 330 и 598 милиони долари . Најмногу сиромашен е неговиот колега Дејвид Валадао , исто републиканец од Калифорнија , чија семејна млечна фарма има долгови од 12,1 милиони долари .   А.А.

Можеби ќе ве интересира

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?