18 Мај, 2024
0.0271

Политичките превирања во САД ги притиснаа азиските пазари

Објавено во: Економија 18 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Азиските акции поевтинија во четвртокот поради политичките превирања во САД, соопштија светските агенции.

Јапонскиот главен индекс Nikkei 225 се намали за 1,32% до 19 553,86 поени, откако отпиша 0,53% во претходната сесија под притисокот на силниот јен.

Доларот ослабе до 111,35 јени за долар малку по 9 часот, и се намали во однос на нивото од 113 јени за долар по претходно оваа недела.

Јенот не реагира на податоците за растот на јапонскиот Бруто домашен производ во периодот меѓу јануари и март. Јапонската економија се прошири за 2,2% на годишна основа, надминувајќи ги очекувањата на Ројтерс за пораст за 1,7%.

„Во време кога на глобалните пазари доминираат политичките тензии во Вашингтон, податоците за БДП на Јапонија имаа минимален ефект врз јапонските пазари“, коментира Тим Кондон, управен директор во ING Financial.

Во исто време Kospi отпишал 0,18% до 2 288,85 поени, додека австралискиот ASX 200 се намали за 0,82% до 5 738,30 поени, проширувајќи ја загубата од средата со 1,1%. Во Хонг Конг Hang Seng избриша 0,66% до 25 125,56 поени. На кинеските континентални пазари Shanghai Composite се намали со 0,45% до 3090,40 поени, а Shenzhen Composite забележа пад од 0,63% до 1855,99 поени.

На девизниот пазар доларскиот индекс се тргува околу најниските нивоа од ноември од 97,657 поени кон 9:20 часот по европско време. Вредноста на американската валута се зголеми по изборите во ноември, одразувајќи ги очекувањата од ветените политики на Доналд Трамп. Сега пазарот изгледа ги намалува очекувањата.

Во Јапонија компаниите извознички повторно запишаа падови во цената на акциите, а акциите на Toyota поевтинија со 1,72%, Sony загуби 2,26%, а Honda избриша 2,23%.

Австралискиот пазар е под притисок на банкарскиот сектор, кој продолжува да бележи намалувања. Акциите на Westpac поевтинија со 3,11%, а ANZ намали цената на акциите со 0,38%.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа