14 Мај, 2024
0.0300

Политичарите упатија честитки до верниците за Рамазан Бајрам

Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Во духот на празникот, ви упатувам честитки со желби за лична среќа и духовен мир, а на сите припадници на исламската вероисповед во земјава им посакувам благосостојба, љубов и бериќет, стои  во честитката на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.

Во честитката до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Реис–ул–улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, до членовите на Ријасетот на ИВЗ и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија, Иванов на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија им упатува честитки по повод празникот Рамазан Бајрам.

Премиерот Зоран Заев, за големиот празник Рамазан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до граѓаните кои го чествуваат празникот.

„Го честитам големиот празник Рамазан Бајрам на Вас, на членовите на Исламската верска заедница и на ситеграѓани што го чествуваат празникот, во име на Владата на Република Македонија и во мое име. Светите празници, како што е Рамазан Бајрам носат голема духовната сила којашто ја зајакнува вербата на луѓето во доброто, вистината, правдата и поттикнува желба за меѓусебна почит, разбирање, солидарност“ - напиша Заев. 

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери упати честитка по повод празникот Рамазан Бајрам.

„Дозволете ми во мое име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија, на Исламската верска заедница и на сите муслимански верници да им пренесам срдечни честитки за празникот Фитер Бајрам“- стои во честитката.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски испрати честитка во која вели дека посветеноста на Бога е заедничка на сите кои живееме на овие простори. 

„Дозволете да повикам на слога и заедништво во сите области кои се заеднички за нас и нашите граѓани. Заедно и искрено да продолжиме со традицијата која со векови ги одбележува животите на овие простори. Македонија секогаш била пример за соживот, почит и разбирање и само така може да очекуваме позитивни нешта за нашата држава и за нашите граѓани. Заедно да работиме за полесен и поквалитетен живот на луѓето, за напредок во образованието, здравството, културата и сите други општествени сфери. Само со заедничка работа може да создаваме дела и вредности кои на следните генерации“ - пишува Груевски. 

Рамазан Бајрам во согласност со Законот за празници е неработен ден за сите граѓани. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ПРЕСЕЧЕ - разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“

ПОВЕЌЕ НАРЕДБИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА БЕБЕТО ОД ВЕВЧАНИ: ОЈО прибира докази, земени се документите од „Св Еразмо“