14 Мај, 2024
0.0284

Поликлиниката Медика Истанбул – Тетово е модерна установа за беспрекорна медицинска нега

Објавено во: Мои пари 03 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Неодамна отворената нова поликлиника Медика Истанбул – Тетово е најавена како модерна установа за беспрекорна медицинска нега, што значи ова од перспектива на граѓаните, односно пациентите?

Д-р: Мурат Динчер: Како инвеститор во медицинска установа во Република Македонија, или како што ги нарекувате тука – ПЗУ, мојата основна цел беше да воспоставам модерен медицински концепт на болница со еднодневен престој дизајниран како хотел, пријатно место, каде стандардите на медицинската нега ќе ги исполнат очекувањата на пациентите. Поликлиниката МЕДИКА Истанбул е развиена имајќи ги во предвид следните главни столбови:

Висококвалитетна опрема во согласност со сите стандарди во дијагностичките процедури, како и во медицинските интервенции;

Локални искусни доктори – експерти, во рамките на специјалистичките дијагностички ординации, поврзани онлајн со мојот тим на лекари од Истанбул;

Добро дизајниран ентериер кој ги поврзува уметноста и медицината. 

Верувам дека преку имплементирање на овие три столбови во МЕДИКА Истанбул во Тетово, пациентите во региниот ќе најдат модерни медицински услови по стандардите кои ги бараат.

Чија инвестиција е оваа поликлиника?

Д-р: Мурат Динчер: МЕДИКА Истанбул е семејна приватна инвестиција. Одлучив да ја проширам мојата институција за медицинска нега од Истанбул, Турција во Македонија. Да споделам искуство и да ги откријам можностите за соработка со локалните колеги, со цел да креирам уникатен модел на здравствена институција во вашата земја. Истовремено, навистина уживам во гостопримството на локалните жители и се поврзувам со многу локални и странски инвеститори во Македонија.

Медика Истанбул Тетово е дел од Дијагностичката болница Медика Истанбул Турција, која е природата на оваа поврзаност и кои се предностите на оваа соработка?

Д-р: Мурат Динчер: Ја водам МЕДИКА во Истанбул веќе речиси 16 години како основач и радиолог. Сето искуство во развој на медицински стандарди, имплементирање на протоколи и медицинска нега со цел извонредност во здравството ќе ги пренесеме како знаење во МЕДИКА Истанбул во Тетово.

Предностите во соработката ќе резултираат со постојана онлајн конекција меѓу тимовите доктори, особено на полето на радиологијата. Обезбедуваме можности за консултација и мислење со доктори-експерти од Истанбул, особено за ПЕТ скенинг медицинските извештаи.

Кои услуги и медицински пристап ве прават поразлични од другите?

Д-р: Мурат ДинчерПод брендот на МЕДИКА Истанбул во Тетово се организирани две приватни медицински институции со вкупно 12 организациски оддели, обезбедувајќи општа медицинска нега за: општа медицина, педијатрија, гинекологија и акушерство и стоматолошки услуги во мрежата на оддели кои соработуваат со Фондот за здравство на Република Македонија, како и специјалистички ординации на секундарно здравство за радиологија, ортопедија, неврологија, урологија, општа хирургија, интерна медицина, дијагностичка биохемиска лабораторија и оториноларингологија.

Главната разлика е широката перспектива на медицински гранки, концептот на интервентни дијагностички процедури, како и еднодневни операции на едно место, во работна средина каде се употребуваат најновите медицински инструменти и опрема, со цел задоволување на потребите на пациентот. Најголемата разлика, освен искусните доктори и нивната поврзаност со тимот на МЕДИКА во Турција ќе биде нашата посветеност да ја пренесеме нашата страст на нашите пациенти и да обезбедиме третмани во МЕДИКА Истанбул во согласност со модерните концепти на медицинските институции, особено во создавањето на нивното искуство, водено од нашето мото Excellence in Health.

Дали експертизата и знаењата на докторите од болницата во Турција ќе им бидат достапни на Македонските пациенти?

Мурат Динчер: Тие секогаш ќе бидат на располагање на Македонскиот тим, и обратно. Нашиот тим на доктори исто така ќе го споделуваат знаењето и експертизата со тимот во Турција.

Според вашата политика и воспоставена соработка, дали вашите услуги ќе бидат достапни на сите граѓани?

Мурат Динчер: Во ценовната политика ги следиме анализите на трошоците на услугите и тие се во рамките на медицинските услуги понудени од другите приватни здравствени институции на пазарот. Секако нашата предност е нашата позиција во Тетово, која ќе донесе супериорни медицински услуги блиску до нив, со помали патни трошоци. 

Можеби ќе ве интересира

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Дали вредноста на еден семеен ручек е поважна од осигурување на домот?

Дали вредноста на еден семеен ручек е поважна од осигурување на домот?

Фестивал на уникатни домашни производи во Diamond Mall

Фестивал на уникатни домашни производи во Diamond Mall

Лесја Украинка: Децата на украинскиот Харкив страдаат од секојдневни гранатирања со руски бомби

Лесја Украинка: Децата на украинскиот Харкив страдаат од секојдневни гранатирања со руски бомби

Празничен продолжен викенд во Крушево

Празничен продолжен викенд во Крушево

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“