ПОЛИЦИСКИ ЧАС ВО РЕГИОНОТ: Македонија и Бугарија се без ограничување на движењето
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 13 Ноември, 2020 17:03
За да го спречи ширењето на коронавирусот, регионот се затвора, но само Македонија и Бугарија остануваат без полициски час.
За 24 часа, меѓу соседните држави, во Бугарија имаше најголем број заразени, 3.945 случаи. Албанија најмалку, а Македонија е трета на листата.
Косово има полициски час во неколку градови кои се со најмногу заразени.
Албанија воведе полициски час од 22 часот до 6 часот.
Грција исто така воведе полициски час од 21 часот до 5 часот.
БиХ веќе воведе полициски час, а истиот чекор го презема и Црна Гора.
Во Црна Гора е најавено воведување полициски час до 21 до 5 часот наутро до 1 декември, а исто така се планира забрана за меѓуградски сообраќај за време на викендите, пишува „Вијести“.
Најавено е и дека ќе се скрати работното време на продавниците и угостителските објекти до 20 часот. Ќе бидат забранети сите собири, како и посети на домаќинства.
Носењето маски ќе биде задолжително и во угостителските објекти.
Ќе има и поставување на плексиглас помеѓу масите во просториите.
Се планира да се назначи одговорно лице во секој објект за спроведување на мерките.
Максимум четири лица ќе можат да се движат заедно.
Забранети се движења од општина во општина од полноќ до недела на полноќ, освен за вршење на работни и економски активности, здравствени потреби и хуманитарни причини.
Забранети се верски собири, свадби, сите приватни собири и прослави.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




