04 Мај, 2024
0.0245

Полицијата во Дубаи и официјално го покажа луксузниот автопарк

Објавено во: Стил 12 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Флотата на полицијата на Дубаи беше во центарот на вниманието по минатонеделниот автосаем во Арапските Емирати . Суперлуксузните автомобили со кои располага дубаиската полиција , веќе се 11 на број , и тие служат само за патролирање на популарни туристички места. Во Дубаи се опседнати со соборување на рекорди. За властите ова е начин да ја покажат супериорноста на градот и да понудат уште атракција за зголемениот број на туристи . Еве ги и луксузните автомобили на полицијата , претставени од CNBC : Lamborghini Aventador LP700 - 4 Ова е еден од најрадикалните дизајни за времето , а инженерите работеле на Aventador , ја користеле за инспирација аеродинамиката на авионите . Коњски сили: 700 Цена: 400 000 долари Максимална брзина : 349 км / ч Забрзување од 0-100 км / ч за 2,9 сек Bugatti Veyron Од дубаиската полиција даваат контрадикторни информации за тоа дали поседуваат Veyron во својата флота . За време на изложбата беше прикажан модел Veyron , на кој сепак се уште недостига последниот слој на боја со карактеристичната полициска ознака . Тоа е најбрзиот производствен автомобил во светот. Коњски сили: 1001 Цена: 1.4 милиони долари Максимална брзина : 408 км / ч Забрзување од 0-100 км / ч за 2,5 сек . Mercedes G - Class BRABUS B63S 700 Widestar Како еден од најскапите луксузни SUV - модели , неодамна набавениот Mercedes G -Class ужива посебен статус меѓу локалните . Коњски сили: 700 Цена: 220 000 долари Максимална брзина : 300 км / ч Забрзување од 0-100 км / ч за 4.6 сек BMW M6 Gran Coupe Спортскиот предводник на BMW располага и со технологија за заштеда на гориво , за секој случај . Коњски сили: 560 Цена: 120 000 Максимална брзина : 250 км / ч ( електронски ограничена ) Забрзување од 0-100 км / ч за 4,2 сек . Mercedes SLS AMG Coupe Овој двосед е базиран на моделот 300SL од 50 -те години на минатиот век . Коњски сили: 563 Цена: 200 000 долари Максимална брзина : 250 км / ч ( електронски ограничена ) Забрзување од 0-100 км / ч за 3.8 сек Ferrari FF Полицијата во Дубаи одлучила тоа Ferrari да се користи само од страна на жените полицајци . Коњски сили: 651 Цена: 300 000 Максимална брзина : 335 км / ч Забрзување од 0-100 км / ч за 3,7 сек Audi R8 R8 Ова е друго ново засилување во флотата на Дубаиската полиција . Коњски сили: 550 Цена: 170 000 долари Максимална брзина : 306 км / ч Забрзување од 0-100 км / ч за 3,6 сек Bentley Continental GT Continental GT Ова е еден од најлошите автомобили во флотата Коњски сили: 500 Цена: 180 000 долари Максимална брзина : 303 км / ч Забрзување од 0-100 км / ч за 4,8 сек