Добивај вести на Viber
Милијардерот и основач на Мајкрософт, Пол Ален го продаде островот кој се наоѓа во близина на Вашингтон , информира Redfin .
Ален се обидува да го продаде островот од 2005 година. Првично тој му постави цена од 25 милиони долари , а во 2011 година ја намали на 13,5 милиони долари. Договорот сепак беше склучен за 8 милиони долари.
Островот, чија површина е 1185 хектари е достапен по воздух и вода. Новиот сопственик, чие име не се споменува, располага со доволно место да се изгради главната куќа, бидејќи единствената зграда е оваа дрвена градба.