18 Мај, 2024
0.0304

Покрај четворицата што беа уапсени па пуштени, МВР лови и други членови на Јавна соба - ќе се стави ли крај на „демначите“

Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Министерството за внатрешни работи „лови“ односно детектира и други членови на групата Јавна соба, која откамко беа откриени сите непријатности што им се случувале на жртвите, практично ја скандализираше македонската јавност.

Ова следува откако беа приведени четири лица за ова дело, и тоа двајца од Битола, како и по еден од Велес и од Штип.

Се вештачат и сите телефони кои беа одземени, односно сите компромитирачки материјали за жртвите на јавна сова  кои тие ги содржат.

„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика интензивно работи на расчистување на случајот. Се вештачат телефоните што беа одземени од приведените, се детектираат други членови на групата и други активности потребни за целосно расчистување на случајот“, се вели во кусиот одговор што го добивме од МВР на оваа тема. 

Оттаму, веројатно во интерес на истрагата, не можат да дадат повеќе детали за кои се интересираше Фактор.

Имено, ние до МВР ги испративме следнивце прашања

Што конкретно прави МВР сега за расчистување на случајот Јавна соба?

По приведувањето на четири лица, дали од нив беа добиени некои корисни сознанија и што понатаму ќе се случува со тие лица, дали против нив ќе се водат одредени постапки, бидејќи веќе се пуштени дома?

Дали во меѓувреме се откриени и други лица и што е со Македонецот кој живее на Малта до кого воделе доказите, дали стапивте со него во контакт и дали тој даде корисни сознанија?

Дали се разговара со други жртви од малтретирањата и објавувањата фотографии од Јавна соба, дали тие сакаат да соработуваат, дали некои сами се јавуваат да зборуваат за проблемите што ги имале и дали тоа доведе до други траги?

Дали од досегашната истрага откривте порнографски видеа и материјали освен експлицитните фотографии?

Дали МВР смета дека и самата сноси одговорност бидејќи не биле сериозно сфатени пријавите од жртвите и тие биле упатувани на приватни тужби?

Јавноста очекува дека МВР што побргу ќе дојде до овие сознанија и тие ќе бидат споделени со граѓаните. 

Инаку, се очекува Министерството за правда оваа недела до Собранието да ги испрати на усвојување измените на Кривичниот законик.

Тој ќе го содржи и кривичното дело демнење. Тоа носи парична казна или затвор до три години. Ќе се казнуваат оние кои подолго време следат некого, прогонуваат или се мешаат во личниот живот на друг. За ова, тие ги злоупотребуваат личните податоци на жртвите, телекомуникациските или други системи на комуникација. Казни ќе добиваат и оние кои други лица психички ги злоставуваат, вознемируваат или им нанесуваат страв.

Но, според одредени информации, тоа ново дело демнење, нема да ги опфати моментално осомничените за случајот Јавна соба. Причина за тоа е што законското решение нема да важи ретроактивно, туку ќе се однесува за делата сторени од денот на стапување на сила на законот. 

А денеска, Платформата за родова еднаквост најави дека организира протестен марш, на кој ќе бидат соопштени барањата до институциите за темелно расчистување на случајот Јавна соба и за сеопфатен пристап во справувањето на државата со родово базираното насилство, кое во разни форми е широко распространето и вкоренето во нашето општество.

Маршот ќе се одржи на 3 февруари 2021 година, среда, со почеток во 14.30 часот пред Министерството за внатрешни работи, преку бул. Јордан Мијалков, бул. Кочо Рацин, Кеј Димитар Влахов и ќе заврши пред Основното јавно обвинителство.

„И на двете локации ќе се обратиме до јавноста и институциите, а ги охрабруваме и жртвите на Јавна соба, доколку се подготвени, да ја искористат оваа шанса за да проговорат и побараат правда. Сметаме дека целосното разрешување на овој случај е шанса за институциите да покажат дека и во пракса се залагаат за женските права и безбедноста на жените во онлајн и физичкиот простор. Затоа, бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство“, велат од Платформата.

Бараат и соодветни казни за администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и се уште праќаат фотографии и пишуваат лични податоци на девојки и жени; инсистираат сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик; како и соодветна грижа за жртвите од надлежните институции.

„На маршот ќе се почитуваат сите здравствени протоколи за превенција од Ковид-19“, се вели во соопштението што го испрати Платформата за родова еднаквост.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност