Добивај вести на Viber
Град Скопје спроведе 3 (три) Конкурси за избор на идејно решение и тоа конкурси број 195/2012, 188/2012 и 136/2012, и согласно Законот за јавни набавки, член 105 и член 110, продолжи со постапката, односно ги повика на преговори Носителите на прворангираните идејни решенија за да се изврши избор на Носители на набавка кои ќе ги изработат основните проекти.
При спроведување на постапката Град Скопје ги имаше предвид позитивните законски прописи кои ја регулираат материјата кој беше предмет на јавна набавка и секако Законот за јавни набавки и истата е транспарентна и законски спроведена.
Споменатата сума во насловот на посочениот текст од 160 илјади евра, која е наведена дека е на истата е склучен договорот за изработка на проект е всушност збир на сума за изработка на 12 (дванаесет) основни проекти , вклучувајќи и ревизија, Град Скопје има склучено 12 (дванаесет) договори за исто толку објекти со „Архитектоника “ Дооел Скопје.
Сумата која е наведена во понатамошниот текст како сума за изработка на основен проект со вклучена ревизија за реконструкција на фасади во централното градско подрачје и за која Град Скопје има склучено договор за изработка со битолската фирма „Проинг Љубе “ Дооел увоз извоз и изнесува 30.000,00 евра , е за изработка на 5 (пет ) основни проекти и истата е збир од поединечните 5(пет) договори за исто толку објекти.
Град Скопје најодговорно тврди дека економските оператори со кои ги склучи овие договори за изработка на основните проекти ги исполнија сите пропишани услови, со истите водеше сериозни преговори и во текот на преговорите успеа да добие намалување на првично поднесената понуда со што се постаигнати цени кои се реални на пазарните.