14 Мај, 2024
0.0251

ПОГРЕШНО ТОЛКУВАЊЕ: „Визер“ реагира дека никогаш не ветиле 300 вработувања!

Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

„Визер“ не ветил 300 вработувања во Македонија реагирале од  унгарската нискобуџетна компанија на текстот кој во вчера го објави „Вест“ во кој пишуваше дека оваа компанија во јуни 2012 година ветила 300, а вработила 50 лица, пишува денеска „Вест“.

„Компанијата, која од 2012 година до денеска добила државна помош од македонскиот буџет во висина од 3,7 милиони евра, појаснува дека станува збор за погрешно толкување на изјавата на потпретседателот на компанијата Џон Стивенсон, кој на прес-конференција во јуни 2012 година зборувал за„поддржани“ 300 вработувања, а не за „директни“ вработувања, како што тогаш објавија сите медиуми, како и Владата на Република Македонија, пишува „Вест“.

„Вест“ во објаснувањето од унгарскиот превозник пишува дека стои: „Визер“ потврдува дека со секој стациониран авион се отвораат до 36 директни нови работни места. „Визер“ има два стационирани авиона во Скопје, и моментално вработува 47 членови на екипажот, што значи има уште слободни работни места. 'Визер' годишно превезува над 600.000 патници преку Аеродромот во Скопје, двапати повеќе од бројката која се очекуваше кога беше најавена базата на авиокомпанијата во Скопје. Според методологијата прифатена од Меѓународниот совет на аеродроми, оваа бројка на патници поддржува 600 индиректни работни места во регионот на Аеродромот и во туризмот“, објасниле од „Визер“ за „Вест“.

„Вест“ напоменува дека и на Интернет страницата на Владата на Република Македонија истиот ден беше објавена информацијата со наслов„Визер“ најави 300 работни места, а наедно ги објави и цените на летовите“, додека објаснувањето на „Визер“ за ова недоразбирање е дека сите медиуми погрешно ја интерпретирале изјавата на нивниот потпретседател дадена пред две и пол години.

Повеќе прочитајте на овој линк Што доби Виз-Ер од македонската Влада?

(Извор: „Вест“)

 

Можеби ќе ве интересира

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Škoda Octavia: Освежување на бестселерот

Дали вредноста на еден семеен ручек е поважна од осигурување на домот?

Дали вредноста на еден семеен ручек е поважна од осигурување на домот?

Фестивал на уникатни домашни производи во Diamond Mall

Фестивал на уникатни домашни производи во Diamond Mall

Лесја Украинка: Децата на украинскиот Харкив страдаат од секојдневни гранатирања со руски бомби

Лесја Украинка: Децата на украинскиот Харкив страдаат од секојдневни гранатирања со руски бомби

Празничен продолжен викенд во Крушево

Празничен продолжен викенд во Крушево

Нов “дијамант” на македонската кошарка

Нов “дијамант” на македонската кошарка

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“