Поевтинуваат бензините и дизелот..За колку?
Објавено во: Економија 27 Јуни, 2016
Регулаторното тело за енергетика одлучи во следните две недели нафтените деривати да се точат по намалени цени .
Имено, и бензинот и дизелот поевтинуваат за половина денар по литар.
Тоа значи дека малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)се намалуваат за 0,50 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,00 ден/лит.
Цената на мазутот пак изнесува 21,78 ден/лит.
Овие цени стапуваат на сила на полноќ и ќе важат во следните две недели.