Подваријантата на омикрон стигна во Грција
Објавено во: Балкан 21 Јануари, 2022
Подваријантата на омикрон сојот на коронавирусот веќе ја има во Грција.
Станува збор за два случаи откриени кај патници кои пристигнале од странство и се наоѓаат во изолација, јави дописничката на МИА од Атина.
За овој подвид засега има малку информации. Професорот по епидемиологија и член на комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, Гикас Мајоркинис, објасни дека омикрон има две гранки, „а едната е наречена stealth – скриена гранка“, бидејќи има мутација што ја прави незабележлив при класичниот метод што се користи за откривање. Тој вели дека сè уште е рано да се каже дали и колку оваа подваријанта е позаразна.
Оваа подваријанта се шири на северот од Европа. Истата е присутна и во Австрија.
foto freepik.com