19 Мај, 2024
0.0284

Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај

Објавено во: Македонија, Колумни 30 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

“Казната не поправа ниту една неправда, ама може да спречи стотици други”, e стара арапска мудрост, која во потполност одговара на денешново време и посебно на актуелната политичка ситуација. Неправдите што беа нанесувани на многу луѓе сиве овие години, неправдите што ги трпеа сите оние кои не беа во закрилата на тогашната власт, не може никако да се поправат, но не смеат да се заборават и единствено правично и морално е оние кои вршеа неправди да седнат пред лицето на правдата, да бидат соодветно санкционирани и тогаш, донекаде, ќе се ублажи болката на оние кои на плеќите со години ги носеа неправдите. И точно, можеби казната нема да ја поправи неправдата, но се надеваме дека во иднина ќе спречи многу други неправди да се случуваат.

Колку само неправди

А колку само неправди имаше последниве десетина години, колку само невини жртви имаше на режимот, колку обесправени беа немоќни да изустат, да проговорат, да се самоодбранат, колку само солзи прокапеа на немоќни и обесправени мајки за своите чеда, колку само лелеци на ближните за обесправените и осудените...Се вознемирувам само на помислата на немоќта на младите кои бараа правда за смртта на нивен другар, солза ми капнува кога ќе ми излезе ликот на Тамара и немоќта на нејзината мајка да си го спаси своето чедо, утробата ми се превртува при самата помисла на местените случаи и на невините кои гниеја по затворите, на болката на оние кои бараа сомилост и само право да бидат сослушани...Ми се блуе, отров ми се блуе кога ќе ми текне на политичките бомби и саркастичното смеење на носителите на тогашната власт, како се облазнуваат на неправди кои директно удираат врз човечки животи, на сарказмот кој излегува од устите на тогашните функционери, потсмевајќи се на немоќта некој да ја докаже правдата и невин да биде осуден, но уште повеќе ми се лоши кога ќе ми текне дека истите тие беа поддржувани од мои колеги, кои при очи беа слепи и при уши беа глуви на сите гнасотилоци изнесени од устата на тогашните власти.

Многумина беа згазени од тортура, омаловажувани

Нека не ве чуди мили мои толкавата соблазност на поразот на политиките на Груевски, бидејќи многумина беа згазени од тортура, омаловажувани, беа приклештени и живееа како во кафез и за нив слободата беше мисловна именка. Нека не ве чуди, можеби и чудната реакција на одредени, кои се радуваат на неуспехот на некоја партија, бидејќи од истата загубиле многу и останале на распаќе, нека не ве чуди ситењето на трети за цунамите кое ја зафати минатата власт, бидејќи од неа и крв проплукале, нека не ве чудат многу работи, бидејќи сите вредности овие години беа изместени и исперветирани. Како да живеевме живот маѓепсан, се вртевме во круг, неможејќи самите да сфатиме зошо прифаќаме режим, зошто молчиме и аминуваме, зошто како глувци се криеме и онемуваме. А вредностите, тоа во друга прилика, тие беа урнисани, изместени и она што навистина беше добро, посакувано и правилно беше маргинализирано, а она што беше чудно и перверзно беше посакувано.

И за крај - секогаш држете се до народната подобро ужасен крај, отколку ужас без крај....

Проф. Д - р Татјана Стојаноска Иванова

Институт за социологија

Филозофски факултет - Скопје

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“