ПОДАТОЦИТЕ СЕ ИСПРАТЕНИ ДО ЕВРОПОЛ: Виенската полиција трага по Данка Илиќ
Објавено во: Свет 31 Март, 2024
Виенската полиција трага по исчезнатото девојче од Бор, Данка Илиќ кое има само две години и е пријавено за исчезнато во вторникот.
Австрија ги истражуваат тврдењата дека девојчето е забележано во Виена. Српски државјанин во центарот на Виена снимил девојче кое изгледа како исчезнатото дете од Бор, наводно во друштво на две Романки. Видеото го испратил на српската полиција, која веднаш стапила во контакт со нивните колеги од австриската престолнина. Српската полиција ги проследила податоците до Европол, додека нивните колеги во Виена побарале од граѓаните доколку имаат информации за девојчето Данка Илиќ да пријават.
Мајката е бремена и не е тестирана на полиграф, а таткото помина на полиграф. Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска кажа дека од ноќеска имаат нова трага.