Подаруваат куќи на село на брачни двојки
Објавено во: Балкан 07 Февруари, 2019
Објавен е конкурс за доделување средства за да брачните двојки добијат куќи на село во Војводина.
На овој начин жените можат да добијат недвижности, и да го зајакнат својот економски статус.
Ова се реализира веќе 5 години, а досега 218 жени добиле куќи на село.
Оваа година ќе бидат одвоени 30 милиони динари за 30 брачни парови.
Услов е за еден пар сумата да не надминува милион динари.
Конкурсот трае до 15 април, а во јуни ќе се знае кој ќе добие пари.