10 Декември, 2019
0.0168

ПОД ИСТРАГА: Кои судии го потпишаа решението за куќен притвор на Јанева?

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2019

Кои се тројцата судии од Апелацискиот суд кои донесоа одлука поранешната специјална обвинителка Катица Јанева да оди во куќен притвор и за кои обвинителката Вилма Русковска ќе побара финансиска истрага?. Тие се потпишани на решението за замена на притворот на Јанева во Шутка со домашен, но доцна синоќа Русковска тврдеше дека не го добила па не може да е сигурна кој го донел.

Што ќе се утврдува со таа истрага допрва ќе стане јасно.

Јанева од вчера попладнето е дома, односно во станот во центарот на Скопје во кој живее нејзиниот син. Таму ќе го чека судењето за случајот Рекет. Пристигна со полициско возило од каде излезе со качулка на главата која и го покриваше лицето.

Од Апелацискиот суд информираа дека првостепеното решение е преиначено и дека е одредена мерка куќен притвор заедно со мерки на претпазливост. Лекарската документација укажувала дека и со овие мерки може да се обезбеди нејзиното присуство. 

Таа во затворот во Шутка беше од 21 август годинава кога беше уапсена како осомничена во Рекет. Првоосомничен во тој случај е Бојан Јовановски- Боки 13, за кого вчера адвокатот Сашко Дуковски тврдеше дека е во многу лоша здравствена состојба.

A.T.


Можеби ќе ве интересира

КОЈ ГИ ОБЈАВИ: ЈО отвори истрага за објавените аудио записи на социјалните мрежи

КОЈ ГИ ОБЈАВИ: ЈО отвори истрага за објавените аудио записи на социјалните мрежи

И новиот комесар за европроширување сака ЕУ да ја исправи грешката

И новиот комесар за европроширување сака ЕУ да ја исправи грешката

Мицкоски: Со амандмани неуставниот Закон за јазици ќе го направиме уставен

Мицкоски: Со амандмани неуставниот Закон за јазици ќе го направиме уставен

ИНСУЛИНСКА ВОЈНА - за граѓански бенефит или политички поени - каков инсулин бил уништен

ИНСУЛИНСКА ВОЈНА - за граѓански бенефит или политички поени - каков инсулин бил уништен

Зошто и чии духови се вознемирија од „Македонски концепт“

Зошто и чии духови се вознемирија од „Македонски концепт“

Гасот од „Турски поток“ ќе протече кон Грција и Северна Македонија

Гасот од „Турски поток“ ќе протече кон Грција и Северна Македонија

ШТО МУДРО СМИСЛИЈА МИНИСТРИТЕ - како земјите да останат на европскиот пат по одбивњето

ШТО МУДРО СМИСЛИЈА МИНИСТРИТЕ - како земјите да останат на европскиот пат по одбивњето

НОСЕЛЕ 27 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА ЗА ГРЦИЈА - Полицијата ги приведе

НОСЕЛЕ 27 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА ЗА ГРЦИЈА - Полицијата ги приведе

Охрид СОС со драматичен аларм - новиот закон за легализација на дивоградби е штетен

Охрид СОС со драматичен аларм - новиот закон за легализација на дивоградби е штетен