07 Декември, 2024
0.0303

Дуковски: Му викаат „нека умре п*дерот“, Боки 13 е третиран нечовечки

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Бојан Јовановски е третиран нечовечки, неговото здравје е многу лошо, односно самиот е во животно загрижувачка состојба, а допоlнително секојдневно е омаловажуван за неговата сексуална определеност. Адвокатот на Боки 13, првоосомничен во случајот Рекет, Сашко Дуковски, денеска на прес конференција најави дека ќе поднесе кривични пријави против неколкумина по повеќе основи. Тврди дека и покрај докторските препораки, на Бојан Јовановски не му била овозможена антибиотската терапија со денови. Била препорачана колоноскопија и ректоскопија, но на осомничениот не му било овозможено да биде на специјална петдневна диета пред зафатот, па Јовановски ја одбил ректоскопијата. Дуковски тврди дека Јовановски моментно има крв во мокрачата и во изметот, а ниту може да оди самостојно. Од 5 ноември пет дена во неделата оди да прими лендацин, ама здравствените власти одбивале да го хоспиталзираат. Дуковски не прцизираше кој е највиновен за оваа ситуација, но рече дека судските власти постапувале коректно.

Дуковски направи хронологија на се што се случувало по притворот а во врска со здравствената состојба на Боки 13. Рече дека операцијата подврзување на желудникот му била неуспешна и од притворот на 15 јули до сега тој 30 пати бил носен на лекар. Поради проблемите храната од желудникот му се враќала во дишните патишта, поради што ако е во лежешка состојба, притворениот можел да се задуши односно да почине. Дуковски бара хоспитализација на неговиот клиент.  

На 14 октомври во 8 септември било констатирано дека на Јовановски не му е функционален едниот бубрег и е препорачана антибиотска терапија. Истата дијаноза била направена и на 29 октомри, но Јовановски не ја добил дури до 5 ноември. Од тогашдо сега секој ден се носел да гоприми лекот. Сепак Дуковски вели дека не е дозволиво што толку се чекало за ова.

„Петнаесет дена се поминати од констатацијата за нефункционалноста на бубрегот и не добива терапија. На 3.11 од првичното констатирање на нефункционирање и препишана терапија пак му се слошило и се упатува на преглед во 8 септември. Многу сум благодарен што таму докторката на висок тон ги има предупредено затворските службеници дека мора да се започне со антибиотка терапија и таа е започната на 5 ноември. Сепак ова е нонсенс, неприфатливо, вели Дуковски.

Тврди дека пред Уставот сите граѓани се еднакви.

„Треба да се хоспитализира ова лице кое не способно да функционира самостојно. Сакам да ви кажам дека при мокрење мокри крв и исто така, не може самостојно да се движи и му е потребна помош да врши голема нужда и секогаш е со крв. Пред Уставот граѓаните се еднакви. Физичкиот и морален идентитет на човекот се неприкосновени, се работи за живот, а се постапува од небрежност. Со домашно милениче ќе се постапува посериозно, вели Дуковски.

Вели дека Боки 13 секојдневно е омаловажува во врска со неговата сексуална определеност. 

„ Самиот слушнал како викаат па нека умре педерот. Каде е сега ЛГБТ заедницата, каде се сега невладините, прашува Дуковски.  


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Политичка иницијатива за укинување на Тик-Ток во Македонија

Политичка иницијатива за укинување на Тик-Ток во Македонија

ДУИ: Тошковски уапси лице со ментална попреченост

ДУИ: Тошковски уапси лице со ментална попреченост

Четири лица во болница по судар на два автомобили кај Булачани, еден од возачите почина

Четири лица во болница по судар на два автомобили кај Булачани, еден од возачите почина

Албански интелектуалци му пишаа на Уставниот суд: Не дозволувајте политичко влијание

Албански интелектуалци му пишаа на Уставниот суд: Не дозволувајте политичко влијание

Каранфиловска Панова: Не сум формален член на СДСМ, но статутот дозволува да бидам потпретседател на партијата

Каранфиловска Панова: Не сум формален член на СДСМ, но статутот дозволува да бидам потпретседател на партијата

Град Скопје смета дека доволно е украсено предновогодишно

Град Скопје смета дека доволно е украсено предновогодишно

Ќе му се суди на мажот што ја претепа поранешната сопруга во Љубанци

Ќе му се суди на мажот што ја претепа поранешната сопруга во Љубанци

Панче Тошковски не очекува немири од среда

Панче Тошковски не очекува немири од среда

Стружанец обвинет за учество во интернет групи со детска порнографија

Стружанец обвинет за учество во интернет групи со детска порнографија