03 Мај, 2024
0.0305

ПОЧНУВА УЧЕБНАТА ГОДИНА ВО УСЛОВИ НА ЕПИДЕМИЈА: Радост за оние кои ќе седнат во училишните клупи, останатите часот ќе го почнат онлајн

Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Прв пат се организира учебна година во услови на епидемија, а неизвесноста е голема до крај. Дел од најмладите ученици од прво до трето одделение ќе седнат во училишните клупи, а нивните родители кои се согласија физички да присуствуваат во училиште, во разговор за Фактор велат дека радоста кај нивните деца е огромна.

-Епидемијата со корона вирусот ги смени нашите животи целосно, но сметам дека учениците треба да бидат присутни во училиште. Секако претходеше „обука“ на мојот син кој сега е трето одделение во однос на носењето маска и долги разговори дека рацете мора да се мијат постојано и да се ставаат средства за дезинфекција на училишниот материјал. Ми велат колешките кои одлучија нивните деца да следат онлајн настава дека сум многу храбра што го пуштам малиот во училиште. Јас велам дека не станува збор за храброст, оваа епидемија ќе трае многу подолго отколку што се надевавме, но тоа никако не смее да значи дека светот треба да застане. За сиот изминат период ние одиме на работа, а за учениците работното место е во училница. Најважно од се е да се почитуваат мерките за заштита . И во време на војни имало настава, вели Персида Стојановска, мајка на третодделенец.

Таа посочува дека жали што нејзината ќерка која е шесто одделение нема да има можност на почетокот лично да се запознае со класната и со останатите наставници, нагласувајќи дека  преминот во погорните одделенија е исклучително важен за успех во образованието.

-Имаше многу убави предлози како да биде организирана наставата. Комбинираниот модел колку толку ќе беше пак многу подобар, отколку да останат дома и наставата да ја следат онлајн.  Откако ги добивме лозинките, мака мачиме да пристапиме на платформата, се вклучуваме преку Microsoft Teams, иако велат дека не е потребо да биде инсталиран на компјутерите. Но, ајде, ова е уште почеток, се надеваме дека наскоро ќе се надминат ваквите проблеми. Сепак, би сакала да речам дека не може да се очекува за волку краток период да се направи целиот процес да биде беспрекорен. Подготовките требаше да започнат уште пред почетокот на летото, истакнува таа во нашиот разговор.

Средношколците пак, иако најавија дека ќе ја бојкотираат наставата, сепак денеска ќе седнат пред своите уреди за учење од далечина. Некои имаат веќе купено нови комјутери, лаптопи, камери и се што е потребно за онлајн наставата. Некои не можат да си дозволат да имаат нови со појаки конфигурации, па старите ги носат на сервис. Во повеќето сервиси за компјутерска опрема деновие е целосен хаос. Велат дека не може да постигнат со надградби на стари лаптопи и комјутери.

-Што да ви кажам, пребукирани сме. Луѓето брзаат да ги поправат или да ги надградат старите компјутери за да може децата да почнат да учат. Бараат посилни процесори, поголема меморија, но она што е важно и би сакал да посочам, на некои од уредите тоа може да се направи, но на некои едноставно не може. Не поддржува самиот уред. А, бидејќи во моментов побарувачката за ИТ уреди е преголема, луѓето веќе и не можат да купат нови, за пониска цена. Се тоа е потрошено. Има лаптопи и комјутери, но цените се далеку повисоки од тоа што може да си дозволат родителите, особено оние кои имаат по две-три деца, вели за Фактор Бојан, сервисер на ИТ опрема.

Телекомуникациските оператори во Македонија посочуваат дека и покрај зголемената потреба за интернет сообраќај, нивната мрежа е стабилна.

-Во време кога главните канали за работа, учење и комуникација се дигитални, потребата за интернет сообраќај е зголемена. Ние сме подготвени да излеземе во пресрет на барањата на корисниците и континуирано инвестираме во зајакнување на капацитетот на мрежата. Мрежата на Телеком е стабилна, а наш приоритет и натаму останува да ги одржиме инфраструктурата и интернет пристапот беспрекорни, соопштуваат за Фактор од Македонски Телеком.

Во однос на функционалноста на Националната платформа за далечинско учење, продеканот на ФИНКИ, д-р Боро Јакимовски вчера истакна дека платформата е подготвена за старт на онлајн настава.

-Сè уште сме во фаза на тестирање, но целосно сме спремни за стартот на учебната година. За самиот старт на учебната година најважен е делот од платформата којашто е базирана на Мајкрософт тимс за да може да се спроведува онлајн наставата. Последните тестови што се одвиваа во текот на вчерашниот и денешниот ден без проблеми се најавија и се приклучија на Мајкрософт тимс сите ученици коишто ги имаат добиено лозинките во текот на минатата недела. Во моментот работиме на оптимизација на останатиот дел од платформата којшто е хостиран кај нас, пред сé на инфраструктурата на којашто се наоѓа платформата и мислам дека имаме многу добар напредок“, изјави Јакимовски.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, ги повика општините, наставниците, родителите и сите учесници во образовниот процес  на соработка, за непречен образовен процес. -Ова бара труд и напор, но целта е премногу значајна за да не соработуваме или да не си помагаме. Ајде заеднички да ги надминеме почетните предизвици за да што побрзо се прилагодиме и започнеме со учење“, порача Царовска.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите