18 Мај, 2024
0.0283

Почнува 14. фестивал на Новиот германски филм, а за македонските филмаџии ќе има работилници со гости од Германија

Објавено во: Мои пари 25 Април, 2019

Добивај вести на Viber

“100 работи”е комедијата со која ќе се отвори 14. фестивал на Новиот германски филм во киното Милениумкаде ќе гледаме филм за тоа колку материјалниот свет нèпоседува нас или ние го поседуваме него. По отворањето, фестивалот на Новиот германски филм ќе биде на репертоарот во Кино Фросина од 3. до 6. мај во Скопје, а потоа ќе патува во кино салите ширум земјата: Кавадарци, Куманово, Гевгелија, Прилеп, Охрид, Радовиш, Штип, Тетово и Битола.

Како и секоја година, селекторите на фестивалот се обидоа да дадат разнолик пресек на современиот филм во Германија, носејќиѝна македонската публика драма, трагикомедија и комедија, семеен филм, детски, документарен и серија кратки филмови. Филмовите се грижливо избрани со цел да задоволат многу вкусови, а некои од нив се навистина ексклузивни со постигнат огромен успех на филмските фестивали, а еден од нив беше и во конкуренција за наградата “Златна мечка” на престижниот Берлинале.

Она што е премиерно кај ова издание на фестивалот, не се само филмовите кои прв пат ќе ги видиме во кино салите, туку и заложбата на Германската Амбасада да донесе претставници од светот на филмот во Северна Македонија, а тоа сеХајнц Херманс (Heinz Hermanns), директор на Берлинскиот фестивал за кратки филмови „Интерфилм“ и Алета вон Фитингхоф (Aletta von Vietinghoff), позната филмска монтажерка од Берлин. Тие ќе имаат предавања и ќе одржат работилници со студентите по филмска уметност, и ќе се сретнат со сите заинтересирани филмски работници во земјата. На самото отворање на фестивалот, тие ќе се претстават на публиката, а обраќање до публиката ќе има и амбасадорот CР Германија во Северна Македонија Н.Е. Томас Герберих.

Партнери на амбасадата за овој фестивал се Македонски Телеком, Про Кредит Банка и Гете Институт кои покрај “100 работи”, се одговорни за празникот на филмофилите кои ќе ги проследат серијалот кратки филмови, потоа “Жешко столче”, “Надвор од системот”, “Во време кога светлината згаснува”, “Исход на вистината”, “Стикс”, “Среќата е за слабаци”, “Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета”, “Тим Талер или момчето што ја продаде својата насмевка” и “Помош ги смалив родителите”.

Фестивалот (http://fngf.mk) редовно селектира филмови кои отвораат општествени размислувања и теми, не́ ангажира, а со тоа почнува и да нèменува.


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата