16 Мај, 2024
0.0767

ПОЧНАА ЛИ ПОЛЕСНО ДА СЕ ВРАБОТУВААТ ИЛИ СИ ОДАТ - што ја падна невработеноста кај младите

Објавено во: Македонија 10 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Ако досега важеа за категорија која најтешко доаѓа до работно место, по се изгледа дека младите во земјава конечно почнале полесно да се вработуваат. Така барем говорат најновите податоци на Државниот завод за статистика, кои покажаа дека невработеноста минатата година најмногу паднала токму кај младата популација, односно кај оние кои имаат од 15 до 24 години.

Или конкретно, ако на крајот на 2018 година стапката на невработеност кај младите била на ниво од 44 проценти, на крајот на 2019 година таа стапка се намалила на 35,1 отсто или има пад на невработеноста на младите за безмалку 9 процентни поени за една година. 

Но, ако се погледнат податоците на статистика, ќе се види дека во истиот период, односно лани, кај младите пораснала и стапката на вработеност, но таму растот е помал, односно од 17,3 отсто вработени млади на финишот на 2018 година, стапката на врботеност на крајот на 2019 стигнала до 21 отсто, што значи дека растот кај вработеноста е за нецели 4 процентни поени.

Дали фактот што невработеноста е намалена многу повеќе отколку што е зголемена вработеноста, односно речиси двојно, може да говори и за друга работа, а тоа е дека младите не само што повеќе се вработуваат во земјава, туку дел од нив и заминуваат во странство, ќе покажат некои нови статистики кои ќе се прават во некој нареден период.

Инаку, според статистичките бројки, минатата година многу повеќе се вработувал машкиот дел од популацијата, наспроти жените. 

Или, стапката на невработеност кај мажите на возраст од 15 до 24 години се намалила од 44,9 во 2018, на 34 отсто на крајот на 2019 година, или за дури 11 процентни поени, додека стапката на вработеност кај нив пораснала од 22, на 25,7 отсто.

Кај младите жени, пак, исто има пад на стапката на невработеност, но послаба, од 42,1 на 37 отсто, додека стапката на вработеност пораснала од 12,2 на 16 проценти. Ова значи дека младите мажи многу повеќе се вработуваат во спредба со нивните врснички од понежниот пол. 

Инаку, на крајот на минатата година вкупната стапка на невработеност се намали на 16,6 отсто, наспроти 19,4 проценти колку што изнесуваше на крајот на 2018 година.

Двете доминантни политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ветуваат натамошно намалување на невработеноста доколку ја добијат довербата од граѓаните.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното