30 Април, 2024
0.0251

Почна есенската сеидба, недостига повеќе дожд

Објавено во: Агробизнис 31 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

И покрај дождовите на почетокот на есенската сеидба, агрометеоролозите велат дека сеуште не се задоволени потребите за вода во почвата. „Сеидбата почна во сушни услови на сите површини каде беше возможен влез на земјоделската механизација за да се запазат оптималните сеидбени рокови. Сега, дождот ќе овозможи нормални услови за површинска обработка и подготовка за сеидба, како и поникнување на посеаните површини“, вели Ангелко Ангелески од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Најмногу дожд наврна во Струмица, 68 литри на метар квадратен, во Берово 66 литри, во Битола 61, Прилеп 50, Скопје, Крива Паланка и Гевгелија 46, а најмалку во централните делови на државата.

„Вода во подлабоките слоеви на почвата нема, а тоа се клучните резерви за успешно навлегување на посевите во услови на презимување. Одминувањето на овој влажен бран и разведрувањето на времето ќе значи крај на вегетацијата за оваа реколта во некои региони како Беровскиот со што се очекуваат и првите есенски мразеви, објаснува Ангелески.

 

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?