18 Мај, 2024
0.0330

Почина светскиот писател Сер Тери Пратчет

Објавено во: Стил 12 Март, 2015

Добивај вести на Viber

66-годишниот Сер Тери Пратчет е автор во Велика Британија чии дела се најпродавани во 90-те години. Најпознат е со серијата од комични фантазиски романи .

Сер Тери Пратчет страдаше од Алцхајмерова болест.

Во негова чест објавуваме некои познати цитати:

„Не може да се одложи неизбежното. Бидејќи порано или подоцна доаѓаш до местото каде неизбежното само седи и чека“.

„Гравитацијата е навика од која е тешко да се откажеш“.

„Вистинската глупост ја победува вештачката интелигенција секој пат.“

„Никогаш немој да забораваш дека толпата, која денес ракоплеска на твоето крунисување, е истата толпа, која утре ќе ракоплеска на твоето обезглавување. Луѓето сакаат да има шоу“.

„Дај му на човек оган и тој ќе се стопли за ден. Запалил во него оган и ќе гори до крајот на животот.“

„Не мисли за смртта како за умирање, рече Смртта. Мисли како за заминување порано, за да се избегне гужвата“, велеше еден од ликовите на неговата серија.

„Нема смисла да правите нешто, ако некаде нема некој кој би сакал да не го правите.“

„Оние кои  ја бараат вистината, секогаш треба да бидат прилагодени кон оние кои мислат дека веќе ја откриле.“

„Магијата пак е магија, дури и ако знаеш како се прави.“

„Постојат моменти во животот кои луѓето треба да знаат да не испуштаат. Балоните се дизајнирани за да ги научат малите деца на тоа.“

„Ако не го направиш животот  историја, едноставно стануваш дел од нечија друга приказна.“

„Вистината може и да е некаде таму, но лагите се во твојата глава.“

„Добрината е во она што го правите. Не во оној на кој му се молите.“

„Немам корист од луѓе кои ги разбрале границите на возможното.“

„Толку многу вселена и толку малку време.“