Почина детето кое падна од прозорец на зграда во Белград
Објавено во: Балкан 19 Јуни, 2022
Детето кое денеска падна од прозорец на зграда во Белград, почина од повредите.
Тригодишното дете давало знаци на живот кога пристигнала Брзата помош, но во бессознание е пренесено во Ургентниот центар. Лекарите се бореа за неговиот живот, но не успеаја да го спасат. Како што објавија српските медиуми, детето било со баба му во станот.