09 Мај, 2024
0.2725

По терк и финансии од ЕУ Македонија ќе носи закони за стечајците

Објавено во: Економија 25 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Со Европска помош ќе се носат законски измени за стечајците кои со години наназад се соочуваат со мачни постапки а преку најдобри практики од Европската унија ќе се решаваат негативните последици за излез на компаниите од пазарот.

Помошта ја најави евроамбасадорот Самуел Жбогар кој  посочи дека тенденцијата да се модернизира правната рамка за излез од пазарот е со цел да се зголеми опоравувањето на компаниите.

„Ако навремено се почне со реструктуирање на компанијата повисоки се шансите тоа да биде успешно и доверителите да имаат поголем поврат на средствата. На тој начин им се дава шанса и на вработените и на сопствениците да бидат спасени и да дадат позитивен придонес во економијата“, вели Жбогар.

Во изминатите неколку години, нагласи, Извештајот за напредокот на Македонија ги препозна подобрувањето во основање на компании, но се уште под прашање е излезот од пазарите. Прецизира дека ЕУ на Министерството за економија му врачи 1,3 милиони евра за помош за подобрување на правната рамка за напуштање на пазарот.

„Мерките што ги престави неодамна Владата за економски раст предвидуваат и помош за реструктуирање компании наместо нивна ликвидација. Тоа е во согласност со помошта која ЕУ и ја даде на земјава и ни дава доверба дека ќе имаме вистински реформи за раст и зачувување на работните места“, потенцира евроамбасадорот Самуел Жбогар.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување