02 Мај, 2024
0.0254

ПО СНЕГОТ ДОАЃААТ ПОПЛАВИ: Американските граѓани повикани да напуштат неколку области

Објавено во: Свет 23 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

По силното снежно невреме кое однесе 13 животи, североистокот на САД викендов се соочува со нова закана - огромни поплави како резултат на брзото топење на снегот. Според државната хидрометеоролошка служба, во најтешко погодените области, снежната покривка која наместа надминува два метри, содржи во себе 10-15 сантиметри вода. Веќе од денеска се очекува температурата на воздухот да се зголеми на 10 степени Целзиусови и да продолжи да расте во следните денови. Заради ова, американскиот Црвен крст ги повика жителите на најзагрозените места да се повлечат во повисоките области. Властите во американската сојузна држава Њујорк, пак, стравуваат дека повеќе куќи би можеле да се урнат под тежината на снегот, а дополнителна закана претставува бранот поплави кој се очекува. „Ако температурите се зголемат така брзо како што се најавува, постои опасност од уривање на некои објекти и тешки поплави. Поплавите можат да бидат ужасни, мислам навистина ужасни. Поплавите можат да бидат полоши од снежното невреме“, вели гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа