18 Мај, 2024
0.0308

ПО ШИРЕЊЕТО НА БРИТАНСКИОТ СОЈ ЗАШТИТА САМО СО МАСКИТЕ FFP2, KN95, N95: Ќе се менуваат ли мерките на заштита и кај нас?

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Британскиот сој на вирусот, кој според научниците има многу побрза трансмисија, дури и за 70 отсто, веќе е детектиран во повеќе од 70 земји во светот, а во некои од земјите на Европската Унија придонесе властите да препорачаат поинаквни мерки на заштита.

Конкретно, во Германија, во однос на носењето на маските, освен што се задолжителни, мора да се носат од оние специјализирани FFP2, KN95 или N95, кои имаат многу повисоко ниво на заштита. Некои од македонските граѓани кои живеат во оваа најсилна европска држава, за Фактор велат дека ваквите маски станале задолжителни од почетокот на годинава, односно веднаш откако е регистриран новиот сој на вирусот, т.н. британски, кој во Велика Британија се појави месец-два пред крајот на 2020 година.

-Тука во Саксонија мора исклучиво да носиме специјализирани маски. Тоа се оние кои се купуваат само во аптеките, односно FFP2, KN95 или N95. Властите сметаат дека даваат поголема заштита особено од новиот британски сој. Проблемот е што сега според новите протоиколи ваквите маски брзо се трошат, па нема во секое време да се купат, а без нив, лицата кои ги обезбедуваат маркетите и другите иснституции, на пример, банките, поштите, не пуштаат никого без таква специјализирана маска. И да имате каква било друга маска, платнена, оние дизајнираните, да ставите бандана, или шал, едноствано сметаат дека немате сооодветна заштита и не ве пуштаат, вели една македонска државјанка која веќе четири години живее во германската покраина Саксонија.

Во Македонија во средината на јануари е откриен првиот случај на британскиот сој на вирусот кај пациент кој ги направил сите испитувања во „Жан Митрев Клиник“, и кој од 22 јануари се смета за излеќен пациент. За жал во земјава има и еден  починат на возраст од 46 години од Охрид, министерот за здравство Венко Филипче ја потврди веста, нагласувајќи дека кај пациентот постоел ризик фактор – обезитас, односно прекумерна тежина.

Д-р. Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при „Жан Митрев Клиник“,  минатата недела даде подетални објаснувања за британскиот сој на корона вирусот.

-Според извештајот на NERVTAG во Велика Британија, сојот полесно се пренесува за најверојатно 50-70%, односно, ако требало да се заразат 1.000 луѓе, ќе се заразат 1500-1700. Значајно.

-Според извештајот на NERVTAG во Велика Британија, сојот најверојатно води до поголема смртност, барем за 35% во споредба со небритански соеви.

-Ако има зголемена преносливост (да речеме 50%) и зголемена смртност (да речеме 35%) наместо да се заразат 1.000, ќе се заразат 1.500 и наместо да починат 10, ќе починат 20.

-Тековните вакцини се доволно ефективни кон британскиот сој.

Засега во Македонија остануваат на сила истите препораки, маските се задолжителни секаде и на отворено, но се уште нема препорака за носење специјализирани маски.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување