По најавата за блокада, власта го повлече Законот за надворешни работи
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2020 17:01
Власта го повлече Законот за надворешни работи откако опозицијата најави блокада за амбасадори со двојно државјанство.
СДСМ, ДУИ и БЕСА го повлекоа измените на Законот за надворешни работи со кои се предвидува амбасадор освен македонско, да може да поседува и државјанство од друга држава. Според предлагачите, токму ВМРО-ДПМНЕ во мисија, спротивно на закон, испраќала дипломати со двојно државјанство.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е против тоа амбасадорите да имаат двојно државјанство, и ќе го блокира предлог-Законот за надворешни работи.
Пратеникот Антонио Милошоски заедно со неговите колеги пратеници ќе поднесат 300 амандмани, затоа што сметаат дека е погрешно амбасадор на Македонија да има и друго државјанство покрај македонско.Претседателот Стево Пендаровски минатата недела не одобри неколку предложени амбасадори токму поради тоа што поседуваа двојно државјанство. Досега неколку амбасадори со двојно државјанство беа упатени на дипломатска мисија, но откако претходно се откажаа или го замрзнаа државјанството на втората држава.
фото МИА
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




