ВМРО-ДПМНЕ Е ПРОТИВ АМБАСАДОРИТЕ ДА ИМААТ ДВОЈНИ ДРЖАВЈАНСТВА: Mилошоски најави дека ќе го блокираат законот со 300 амандмани
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2020 13:39
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е против тоа амбасадорите да имаат двојно државјанство, и ќе го блокира предлог-Законот за надворешни работи.
Пратеникот Антонио Милошоски заедно со неговите колеги пратеници ќе поднесат 300 амандмани, затоа што сметаат дека е погрешно амбасадор на Македонија да има и друго државјанство покрај македонско.
„Прво, затоа што измената е произволна и претставува обид законот да се прилагоди на неколку персонални решенија на владините партнери за пополнување на амбасадорски позиции. Второ, овие измени се спротивни на Законот за класифицирани информации според кој неопходен предуслов за кандидатот за амбасадор да добие “безбедносен сертификат со степен Државна тајна" е да не е државјанин и на друга држава, а амбасадор без безбедносен сертификат не е амбасадор. Трето, затоа што дипломатијата, како и безбедноста, е сензитивна професија каде лојалноста кон матичната држава Македонија не смее да биде доведена под знак прашалник, напиша Милошоски на Фејсбук
Премиерот Зоран Заев вчера кажа дека на оваа тема треба да се дискутира, затоа што имаме дијаспора која има двојни државјанства. Тој не даде прецизен одговор дали е за или против двојните државјанства.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





