По масовните протести Турција го повлече законот за силување на малолетнички
Објавено во: Балкан 22 Ноември, 2016
Турската влада предводена од премиерот Јилдерим го повлече новиот предлог закон за легализирање на сексот со малолетнички ако е направен во брак и без присилба, физичка закана или уцена.
Во Турција се кренаа силни протести кои достигнаа и насилни елементи и беа против ваквиот закон бидејќи сметаа дека може да дојде до масовни силувања на девојчиња и истиот да се злоупотреби.
Идејата на законот беше да се легализираат голем број на заедници во кои жената е малолетна бидејќи секој секс со лице под 18 години може кривично да се води како силување.
Најголемите противници на предложениот закон сметаа дека тешко ќе биде да се утврди согласноста кај девојчињата бидејќи на таа возраст тие се уште не се доволно свесни и развиени како личности за сами да носат одлуки, па се плашеа дека силувањата ќе се зголемат. На законот му се спротистави и ќерката на Реџеп Таип Ердоган.