15 Декември, 2025
0.2825

По кршењето на македонскиот клуб во Благоевград, Левица бара протестна нота да му се врачи на бугарскиот амбасадор

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2023 14:54

Добивај вести на Viber

Левица бара протестна нота за бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов. Од партијата наведуваат дека вчера македонскиот клуб во Благоевград е искршен и за тоа македонските власти мора да реагираат. Бараат брза реакција од надлежните. 

„Бараме веднаш претседателот Стево Пендаровски и министерот Бујар Османи да го осудат ваквиот насилен чин и да ги искористат сите форми на притисоци кон бугарските власти за да се откријат сторителите на ваквиот гнасен чин - исто како што експресно го осудија кршењето на фашистичкиот клуб во Охрид! Бараме веднаш да му биде врачена протестна нота на бугарскиот амбасадор во Скопје - Ангел Ангелов, по истиот реципроцитет како што официјална Софија ѝ врачи нота на македонската амбасадорка после кршењето на клубот во Охрид. Никакви Комисии, ниту Договори за добрососедства не можат да ги заштитат македонските национални интереси од великобугарската политика, која не е променета од времето на Тодор Живков! Од овие причини, Левица континуирано алармира дека единствено решение кое ги гарантира државните интереси од агресивната политика на Бугарија е укинување на Историската комисија“, велат од Левица. 

Додаваат дека Македонците во Бугарија со децении се под системска репресија, закани, напади и тортура, при што органите на прогонот немаат санкционирано ниту еден насилник. 

„За разлика од бугарските клубови, кои ги глорифицираат најгнасните фашистички крвници, Македонците во Бугарија го слават делото на еден од најистакнатите антифашистички дејци и поети, Никола Вапцаров. Затоа не сме ниту сме биле исти - во македонскиот народ тлее искрата на антифашистичката борба, додека другата страна ги воскреснува најмрачните ликови на фашизмот!“, наведуваат од партијата. 

Инаку, лани кога се отвори клубот „Никола Вапцаров“, бугарските медиуми тврдеа дека тој не е македонски, туку бугарски поет, а сега го демолираа клубот.  Клубот лани беше отворен под силно полициско присуство. Дел од македонските политичари беа на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград. 

Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија