28 Април, 2024
0.1565

Додека Владата бара помалку глобење, Пазарна инспекција прави рекорди

Објавено во: Економија 21 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Пазарната инспекција во 2018-та, и покрај декларативната владина политика за намалување на казнувањето, издала платни налози со три и пол пати повисока сума во однос на претходните години. Ова го покажува штотуку објавениот годишен извештај на Пазарниот иснпекторат сумирајќи ги резултатите од минатата година, а глобата е највисока во последните пет години.

Во 2018-та инспекторатот издал 1.558 казни во висина од околу 90 милиони денари, односно милион и пол евра, главно до трговците и угостителите. Најверојатно се уште неприлагодени на новонастанатата ситуација, казнетите во тековната година успеале да наплатат само 21 милион денари.

Ова е големо отскокнување во однос на претходните години во казнената политика, ако се знае дека извршениот надзор не е многу поголем од една година претходно и изнесува 22 илјади посети наспроти тогашните 17 илјади контроли. Во 2017-та бројот на испишани казни бил 424 казни во износ од 24,7 милиони денари. Слично било и во 2016-та кога со 577 казни биле побарани од прекршителите да платат 27,4 милиони денари.

Лани, покрај реонот на Скопје со 22 милиони денари, значителна сума од казни била издадена и во Штип со 14,2 и Охрид со 11,6 милиони денари. Најмногу посети имало кај трговците (10.373), угостителите биле проверени 4.584 пати, додека занаетчиите 2.429 пати. Кај туристичките оператори имало 421 проверка, во градежништвото 225 пати, дали е платена таксата за привремен престој било проверено во 203 случаи, а инструментите биле под скенер 1.072 пати. Дали се заштитени потрошувачите се проверило во 3.428 наврати, а дали се почитува законот за пушење во 1.370 ситуации, додека 236 пати дали одредена дејност е регистрирана.

„Бројот на инспектори во Одделението за инспекциски надзор Скопје во последните 15-на години е во континуиран пад од 60 државни пазарни инспектори на 16, а од друга страна надлежностите на Државниот пазарен инспекторат постојано се зголемуваат и истите се речиси двојно зголемени во однос на претходниот период“, се вели во извештајот.

Поплаките се дека инспекторатот нема соодветна база на податоци, односно софтвер за анализа и нивно поврзување, а во истите се вели дека телото располага со опрема, мебел и возила кои се постари од 20 години и дека голем дел од основните средства се неисправни и целосно нефункционални, посебно по подрачните оделенија, каде вработените сами ја одржуваат хигиената со сопствени средства.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании