27 Април, 2024
0.0278

По два дена заврши сагата, 106 лица конечно го напуштија Дебар

Објавено во: Македонија 28 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Денеска попладен од Дебар конечно си заминаа 106 лица кои живеат во други населени места. Тие останаа затекнати таму со прогласувањето на кризната сосотојба во Дебар и Центар Жупа, поради корона вирусот и мораше да прифатат да бидат сместени во хотелските капацитети на „Дебарски Бањи -Цапа“ 14 дена.

Со полициска придружба заминаа преку контролниот полициски пункт на Бошков Мост, на патот кон Маврово, додека друг дел преку пунктот кај ХЕ„Глобочица“ на патот кон Струга.

Во четвртокот прво им беше кажано дека може да го напуштат Дебар, но потоа беа сопрени од контролните пунктови на полицијата и повторно вратени во хотелското сместување.

Од Оператвниот штаб на Дебар тврдеа дека лицата се вратени назад попладнево поради тоа што имале само потврда од епидемиолог дека се здрави, а не биле тестирани за коронавирус. На пунктот им рекле дека треба да се почитува владината мерка за тестирање, а не само да се помине 14-дневниот карантин.

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој инаку раководи со општинскиот оперативен штаб, информираше дека затекнатите граѓани си заминуваат веднаш, додека странските ќе ја напуштат земјата според предвиден протокол.

Во хотелот во Бањиште беа сместени 114 лица од неколку града на земјава, пред сè од подрачјето на Река, Општина Маврово и Ростуше, како и од Косово, Србија, Бугарија и Шведска.

– Споменатите лица повторно се сместени во хотелските капацитети на „Дебарски Бањи-Цапа“ каде беа изминатите две недели. Планираме да бидат тестирани во текот на утрешниот ден, рече Дука во меѓувреме.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“