18 Мај, 2024
0.4473

По девет месеци повторно се активираше: „Сархемс“ поднел свои барања до Владата

Објавено во: Економија 30 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

„Сархемс“, компанијата регистрирана во Македонија за хеликоптерски спасувачки систем, ги поднела до Владата своите барања во рамки на договорот за јавно-приватно партнерство. Ова е објавено како една од точките која се разгледувала по вчерашната владина седница.

Кои се тие услови кои „Сархемс“ ги бара, досега е нејасно, бидејки потпишаниот договор е недостапен за јавноста. Владата во декември минатата година потврди дека е потпишан договорот со компанијата, која треба да нуди бесплатна медицинска помош како еден вид „воздушна болница“, а за тоа, по некоја логика, да наплаќа од осигурителните компании. Според минатогодишните најави на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, кој го турка овој проект, по половина година од потпишувањето на договорот, партнерот е должен да набави два хеликоптери за помош и спасување и да ги остави за државата кога ќе истече рокот на партнерството.

„Информација во врска со доставени Барања на приватниот партнер ДКТУ САРХЕМС ДООЕЛ Скопје во врска со реализирање на Договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за формирање на современа модерна организација - платформа како ефикасен носител на хеликоптерски итен медицински систем во Република Северна Македонија (ХЕМС) и хеликоптерски услуги за пребарување и спасување (САР)“, стои на една од точките по вчерашната владина седница, без повеќе детали за тоа кои се барањата.

Единствено досега е познато дека државата требаше да обезбеди државно земјиште за изградба на хелиодромите од страна на оваа компанија. „Сархемс“ е компанија на SHC Swedish Helicopter Consortium AB, регистрирана во Шведска. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за грабеж тежок 72 милиони евра. додека Рашковски тврди дека овој договор нема да ја чини државата „ни денар“.

„Праксата вели дека ваквиот тип на услуги се наплаќаат преку договори со осигурителни компании. На осигурителните компании им е полесно да платат одредена такса и нивните осигуреници да имаат таков вид на помош во таа држава, отколку да плаќаат скапи поединечни ангажмани на хеликоптерски услуги на договорна база. Друг начин на наплата, е компаниите да го вметнуваат осигурувањето во зелените картони на автомобилите и во таков случај исто заштедуваат средства“, објаснуваше лани Рашковски по објавениот јавен повик и изборот на приватниот партнер.

За работата на хеликоптерската прва помош, генералниот секретаријат изработи и физибилити – студијата за Системот за хеликоптерско спасување. 

Според договорот, компанијата ќе треба да инвестира 9 милиони евра, а секоја година на државата треба да ѝ плаќа 10.000 евра. Интервенцијата на хеликоптерите треба да биде во рок од 15 минути на територијата на целата земја. 

Колку ќе биде добивката на државата, а колку на Сархемс за милионската зделка, нема одговор.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа