По четири месеци нема заболен во Штип
Објавено во: Македонија 24 Август, 2020
Штип кое своевремено беше град-жариште на коронавирусот за првпат по речиси четири месеци не се најде во здравствениот билтен, односно денеска не пријави ниту еден новозаболен.
Во моментов во градот активни се 258 случаи, а досега од почетокот на пандемијата се регистрирани вкупно 1.108 случаи.
Ален Ѓеорѓијев, директорот на Клиничка болница- Штип, за МИА информира дека на Инфективното одделение има вкупно 30 позитивни позитивни, а осум се сомнителни и се чекаат нивните резултати од брисевите.
Штип очекува од Министерството за здрсвство наскоро да ја започне изградбата на монтажната болница за Ковид 19.