Пловдив доби европска награда за туризам
Објавено во: Балкан 06 Мај, 2016
Градот е награден и поради многуте проекти за туризам кои ги реализирал.
Бугарскиот град Пловдив доби награда на европскиот фестивал за туризам, што се одржа од 27 до 30 април во Дубровник. Вториот бугарски град е одличен во заштита на културно-историското наследство. На саемот учествуваа 18 града, меѓу кои Грац, Бари, Хамбург и други.
Пловдив е награден и поради многуте проекти кои ги направил во областа на туризмот. Жирито беше категорично дека градот е дестинација на светско ниво. Едно од најпосетените места е реновираниот Природонаучен музеј. Од почетокот на годината досега тој имал приходи од 74 000 лева. Претстои локалниот парламент да гласа за него 120 000 лева за надградба на системот за Планетариум. Во него ќе има и 3D проекции. Одделно ќе бидат доделени и 80 000 лева за фасадата на зградата.