19 Мај, 2024
0.0259

Започнува пријавувањето за летните пливачки школи

Пливај и уживај со Еуролинк

Објавено во: Мои пари 01 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Втора година по ред Еуролинк осигурување ја организира бесплатната пливачка школа за 120 деца на возраст од 7 до 12 години.Поаѓајќи од позитивните искуства од минатогодишната школа, оваа година Еуролинк, освен во Скопје, школата ќе ја  реализира и во градовите Кавадарци и Битола под раководство на тимот на проф. Наташа Мешковска.

Часовите ќе се реализираат по програмата преземена од УССВИМ (Американска програма за обука на деца непливачи), која гарантира дека за  8 до 10 часа секое дете ќе ги совлада основните техники по пливање.

Пријавувањето за летните пливачки школи започнува од:

Скопје од 1.6.2017 до 8.6.2017 година.

Битола од 26.6.2017 до 3.7.2017 година.

Кавадарци од 7.7.2017 до 14.7.2017 година.

Летните пливачки школи започнуваат од:

Скопје – Спортски центар „Борис Трајковски“ – прв час на 12.6.2017, последен час на 23.6.2017, секој работен ден од 11.00 часот;

Битола – Спортски центар „Император“ – прв час на  5.7.2017, последен час на 12.7.2017, секој ден од 10:00 часот;

Кавадарци – Градски базен – прв час на 17.7.2017, последен час на 24.7.2017, секој ден од 10.00 часот.

Родителите може да ги пријават своите деца со испраќање порака на следната електронска адреса plivajiuzivaj@eurolink.com.mk со испраќање на следниве податоци: име и презиме на детето учесник, возраст, висина, тежина, име и презиме на родителот и контакт-телефон на родителот.

Селекцијата на пријавените кандидати за Скопје, Битола и Кавадарци  ќе се одржи  на  првиот час, и ќе ја врши стручен тим под раководство на проф. Наташа Мешковска, која ќе избере 40 деца за учество во една школа, на возраст од 7 до 12 години. Критериумот за селекција е секое пријавено дете да може да исплива 25 метри, со помош на пливачко помагало – пловка.

Еуролинк осигурување на избраните кандидати ќе им обезбеди пливачки капчиња, пешкири и пливачки помагала. Останатиот дел од опремата, костими за капење, наочари и папучи, родителите ќе треба сами да ги набават задолжително во сина или сива боја.

Летната пливачка школа на Еуролинк е активност во рамките на програмата за општествена одговорност на компанијата: „Еуролинк - Вaшата врска со вистинските вредности“, преку која годишно се реализираат повеќе проекти од областа на образованието, културата и уметноста во Република Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда