18 Мај, 2024
0.0487

ПЛАТИТЕ СЕ ГЛАВНО ПОТПРОСЕЧНИ И НЕАТРАКТИВНИ, АМА ОПШТИНИТЕ ВРИЈАТ ОД ОГЛАСИ - нови вработувања во локалната самоуправа

Објавено во: Македонија 18 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Куманово 12, Гостивар осуммина, Штип двајца, Пробиштип еден... Некаде повеќе, некаде помалку, но општините дефинитивно не престануваат со вработувања.

Некои од нив имаат високи долгови кои им се трупале со години наназад и никако да се намалат, но сепак, кога се потребни кадри, задолженоста изгледа и дека не игра значајна улога.

Веб страницата на Агенцијата за администрација деновиве е преполна со огласи за вработување распишани од македонските општини. Платите се далеку од високи и атрактивни, најчесто по 23 илјади денари, а некаде и до над 32 илјади денари, но на јавниот сектор никогаш не му било проблем да најде работници.

Најнов е огласот на општина Штип, каде се бараат двајца луѓе.

Првиот е раководител на одделението за комунални дејности во Секторот за урбанизам и уредување на градежно земјиште, кој треба да има завршено или Градежен факултет, или Архитектура, урбанизам и планирање, или, пак, правни науки, како и најмалку четири години работно искуство во струката, од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор. Ќе зема плата од над 32 илјади денари, а треба да биде Македонец.

Второто место е за раководител на одделението за образование. Треба да има високо образование од областа на општествени науки, економија и бизнис, образование, а потребно е да има и работно искуство. Неговата плата ќе изнесува 32.260 денари, а исто така треба да биде Македонец.

Општина Гостивар планира осум нови вработувања.

Се бара раководител на oдделение за координација на активностите на Градоначалникот, информирање и односи со јавноста, со плата од близу 33 илјади денари, кој треба да биде Албанец, потоа соработник за администрирање со база на податоци, за плата од 25.403 денари, кој треба да биде Турчин, како и помлад соработник за просторно и урбанистичко планирање, кој ќе зема плата од 23.763 денари, кој треба да биде Албанец.

Општината со која раководи лидерот на Алијанса, Арбен Таравари, уште планира да вработи и советник за култура, чија плата ќе изнесува 29.368 денари, кој треба да биде Албанец или Албанка по националност, потоа советник инспектор - Комунален инспектор, кој ќе работи за истата месечна плата како и неговиот претхподник, и исто така ќе биде Албанец, а се планира и вработување на советник инспектор - Овластен градежен инспектор, и повторнпо со плата од 29.368 денари, и повторно Албанец сппоред етничката припадност.

За плата од 25.403 денари, пак, ќе работи помошник инспектор (соработник), како овластен градежен помошник инспектор, кој треба да биде Македонец, додека, пак, во општина Гостивар се бара и самостоен референт - Комунален редар, кој ќе зема 21.648 денари плата, а треба да биде Албанец.

Општина Пробиштип, пак, планира едно вработување, на местото помлад соработник за следење на факторите на работната средина и заштита и безбедност при работата, кој треба да има високо образование, но може а и не мора да има искуство во струката. Ќе зема 24.458 денари, а треба да биде Македонец.

Најголем број вработувања се предвидени за општина Куманово, 12 на број. Првото место е за помлад соработник за безбедност при цивилна заштита и спасување и управување со кризни состојби, кој треба да има факултет Одбрана или Безбедност, со или без работно искуство во струката. Ќе зема 23.842 денари, а треба да биде Албанец.

Се бара и самостоен референт за администрирање на плати и надоместоци, кој ќе зема 19.363 денари и треба да биде Албанец, потоа виш соработник за административна поддршка во утврдување на данок на промет на недвижности и на данок на наследство и подарок, за плата од 26.274 денари и чија припадност треба да биде Македонец, како и ссоветник - Даночен извршител, кој месечно ќе заработува 28.1250 денари, а кој треба да биде Албанец по националност.

Општината со која раковбоди Максим Димитриевски има потреба и од помлад соработник за поддршка при контрола на проценка на недвижен имот, со плата од 23.817 денари, резервирано за Албанец, помлад соработник за заштита и спречување на загадувањето на земјиштето, , иста плата и исто Албанец, потоа двајца помлади соработници за култура, кои ќе земаат по 23.842 денари и треба да бидат Албанци.

Во Општина Куманово ќе се прима и помлад инспектор за патен сообраќај, за истата претходно спомената плата, Албанец, самостоен референт за административни работи за подготовка на проектна документација, со месечна заработувачка од само 19.363 денари, Албанец по националност, како и двајкца помлади соработници за аналитика на локален економски развој, кои ќе бидат Албанци и ќе имаат месечна заработувачка од 23.842 денари.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“