Пјонгјанг: „Супермоќен превентивен напад ќе ги претвори САД во пепел“
Објавено во: Свет 20 Април, 2017
Севернокорејски државни медиуми ги предупредуваат САД дека таа држава би можела да изведе „супермоќен превентивен напад“.
Предупредувањето доаѓа откако американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјавил дека САД ги разгледуваат начините да извршат притиок на Северна Кореја поради нејзината нуклеарна програма.
Американскиот претседател Доналд Трамп зазел остар став кон севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој ги отфрли советите на својот единствен сојзуник Кина и продолжил со нуклеарни и ракетни програми и покрај санкциите на Советот за безбедност на ОН, пренесе Ројтерс.
Официјалните агенции на владеачката Работничка партија на Северна Кореја Родонг Синмун, не користеле благи зборови.
„Во случај нашиот супермоќен превентивен напад да биде започнат, тој во целост и веднаш ќе ги збриша не само империјалистичките освојувачки сили на САД во Јужна Кореја и околните подрачја, туку и копното на САД ќе го претвори во пепел“, наведува весникот.
Како што се наведува, Северна Кореја редовно се заканува дека ќе ги уништи Јапонија, Јужна Кореја и САД и не покажала попуштање во својата воена борбеност после неуспешниот ракетен тест во неделата, ден по претставувањето на проектили на парадата во Пјонгјанг.