02 Мај, 2024
0.0255

Пиволенд повторно на Скопско Кале

Објавено во: Стил 19 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Шестото по ред издание на скопскиот пивски фестивал од 11 до 15 септември ќе се одржи на Кале. Љубителите на пиво ќе можат да уживаат во спектарот од околу триесетина видови пенливо задоволство. Секако бидејќи пиво не иде без храна, „Пиволенд“ им ветува вкусна гозба на сите гурмани. Оваа година ќе можете да уживаате во катчето за храна кое ќе биде засебен дел од фестивалот и ќе нуди избор на вкусови од десет различни ресторани со акцент на македонската кујна. Враќајки се кон својот дух „Пиволенд 2013“ ќе се потруди да внесе што повеќе од нашата македонска традиција, па така и оваа година ќе се фокусира на целосно  промовирање на македонската култура. Фокусот од музички аспект ќе биде врз нашите македонски изведувачи. Покрај нив, исто така посетителите ќе можат да уживаат и во неколку ѕвезди од регионот. Па така во рамките на овие тресетина концертни спектакли присутните ќе можат да одберат музика за своето уво. „Пиволенд“ ќе има три стејџа со различен тип на музика, и тоа: главниот стејџ, ДЈ стејџот и кавер бенд стејџот.